Вашата убава реклама




ОВДЕ!!!


 

Биди во тренд!  Рекламирај се!


www.strugaportal.com

РЕКЛАМА
Инфо
***За внатрешно уредување: иконостас и фрескоживопис на  новособорниот храм Св. Ѓорѓија во Нерези потребни се финансиски средства.Донирајте на тран.сметка 530-5000083096-56.***
struga_guide11
Банер
Банер
fastfood_pitbul
Банер
Банер
Банер
konduri
megastar1
svadbi
Барли: Македонците имаат талент Печати Е-пошта
Вторник, 01 Септември 2009 17:32
Селекторот на шкотската фудбалска репрезентација, Џорџ Барли, објави поширок список од 25 фудбалери за претстојните квалификациски мечеви во Глазгов против Македонија (5 септември) и Холандија (9 септември) за пласман на Светското првенство во Јужна Африка во 2010 година.

Image
(Хампден Парк - Глазгов)

Во составот повторно се најдоа капитенот на Глазгов Ренџерс, Дејвид Веир (39) и напаѓачот на шкотскиот премиерлигаш Килмарнок, Кевин Кајл. Веир беше избришан од националниот тим на еден контроверзен начин по ремито (0:0) со Норвешка на домашен терен минатиот октомври. Но, сега соочен со големиот број повредени и казнети фудбалери Барли е принуден повторно да смета на услугите на 39 годишниот дефанзивец на Глазгов Ренџерс. Воедно Веир ќе стане највозрасниот фудбалер во шкотската репрезентација по Џими Мекменеми во 1920 година. Напаѓачот Кајл беше изоставуван од репрезентацијата повеќе од пет години меѓутоа го сврте вниманието на шкотскиот селектор по импресивните партии во дресот на Килмарнок, тим во кој се пресели во јануари оваа година. Најдобра препорака за Барли беа 10 гола на Кајл во последните 14 премиерлигашки мечеви во Шкотска од кои девет беа во последните шест средби. Во шкотскиот тим за мечевите со Македонија и Холандија се враќа и голманот на Сандерленд, Грег Гордон, кој се опорави по повредата. Затоа, пак, Барли не може да смета на повредените Рос Меккормак, Бери Робсон и Крис Ивелумо.

„Македонија има ист број бодови како и ние. Македонците поседуваат голем талент. Затоа сум сигурен дека мечот со нив ќе биде израмнет, но се надевам дека трите бода ќе бидат наши исто како што се надевам и за мечот со Холандија“, порача Барли.

И самиот тој откри дека Веир и Гордон ќе бидат меѓу стартените во натпреварот против Македонија на петти септември на „Хемпден парк“ во Глазгов. За место во тимот ќе конкурираат и Стивен Калдвел и Кристоф Бера и покрај нивната загрижувачка физичка форма. Тешкиот пораз од Норвешка со 4:0 на 12 август, додека Македонија играше пријателски меч во Скопје со европскиот шампион Шпанија, направи надежите на Шкотланѓаните за второто место и баражот за СП 2010 да „висат“, па сега се доведени во ситуација да бркаат победа против момчињата на Мирсад Јонуз и секаков друг исход освен три бода на петти септември ќе претставува катастрофа за нив.

Барли е на селекторската позиција 10 натпревари во кои забележа само две победи меѓутоа ги отфрли сугестиите дека дуелите со Македонија и Холандија ќе одлучуваат за неговата иднина на шкотското кормило.

„Мојата иднина не е важна, важна е Шкотска. Ни преостаната уште два меча во овој циклус квалификации. Дали ќе ја задржам работата? - Кој знае? - Менаџерите доаѓаат и си одат. Ова што го работам е за мојата земја и ќе дадам се од себе без разлика на се“, изјави Барли.

„Многу луѓе не сакаа да ме видат на оваа позиција. Сметаа дека не сум вистинското решение за селектор. Бев критикуван уште пред да биде удрена топката. Ништо нема да се промени. Целото свое внимание го насочувам на Шкотска, на обидите да се квалификауваме на светското првенство и да го дадам најдоброто за мојата земја“, дополни Барли.
Извор:СпортДенес