Вашата убава реклама
ОВДЕ!!!
Биди во тренд! Рекламирај се!
Вашата убава реклама
ОВДЕ!!!
Биди во тренд! Рекламирај се!
| Маурицио Ганц: Пандев би го подобрил Интер |
|
|
| Вторник, 01 Септември 2009 17:35 | |||
|
Поранешниот фудбалер на Интер, Маурицио Ганц, верува дека Пандев уште повеќе би го подобрил Интер, како и тоа дека заминувањето на Ибра е благослов за Нероазурите.
![]() Во своето интервју за fcinternews, Ганц со пофални зборови ја опишува екипата на Жозе Мурињо: Ганц, Милан - Интер 4:0. Коментар? Милан беше подобар на почетокот. Потоа нешто се промени. Интер почна повеќе да работи со топката, да маневрираат во простор, да маркираат... И тогаш падна гол. Не само тоа. И играта беше прекрасна. На што се должи тоа? На заминувањето на Ибрахимович. Порано се играше само со долги топки кон швеѓанецот. Сега е поинаку, со Ето и Милито е сосема друга приказна. Други играчи? Тиаго Мота: трча, маркира, додава, создава акции... Одличен фудбалер. А Снајдер? Ми се допаѓа. Играч кој му требаше на Интер: одличен карактер, талентиран, знае како да одигра помеѓу средината и нападот. Може да биде решавачки и смртоносен. Се изненади кога го виде на теренот? Не, воопшто. Тој е сепак играч кој дојде од Реал Мадрид. На некои играчи не им треба прилагодување, тие веднаш го покажуваат знаењето. Ова можеби беше суштинско дерби за шампионатот? Прерано е да се каже. Но ако Интер продолжи да игра вака, за брзо време нема да биде интересно повеќе. Морати вели дека ова му е најсилниот Интер. Во право е, се согласувам. Може ли да се подобри овој тим? Да, со Пандев: Играв со него во Анкона во 2004/05. Голем играч, одличен, на теренот се му е јасно, како да го спроведе она што го бара тренерот и да создава акции. Такви играчи се секогаш потребни. Која треба да биде крајната цел на Интер? Да освои се.
|