Вашата убава реклама
ОВДЕ!!!
Биди во тренд! Рекламирај се!
www.strugaportal.com
Вашата убава реклама
ОВДЕ!!!
Биди во тренд! Рекламирај се!
| Муту: Немам 17 милиони евра |
|
|
| Петок, 04 Септември 2009 10:52 | |||
|
Романскиот фудбалер, моментално напаѓач на Фиорентина, Адријан Муту, има големи проблеми со собирањето на парите кои по одлуката на ФИФА е должен да им ги исплати на Челзи.
![]() Потсетуваме, арбитражниот орган при ФИФА пресуди дека Муту поради аферата со кокаин од 2004 година, која резултираше со раскин на договорот со лондонскиот клуб, мора на сметката на „Сините“ да уплати 17 милиони евра. Островските медиуми наведуваат дека од Челзи инсистираат Романецот да го плати долгот в омногу скоро време, но по се судејќи, Челзи уште долго ке ги чека 17-те милиони евра. „Навистина немам 17 милиони евра и искрено мислам дека само четири или пет играчи на светот ги имаат тие пари. Потребна ми е секоја помош, но не и финансиска, туку и морална. Против Палермо навивачите на мојот клуб ми дадоа до знаење дека се со мене и тоа многу ми значи“- изјави Муту. Островските медиуми пишуваат дека челните луѓе на Челзи воопшто не ги интересира како Муту ке дојде до парите и дотолку тие средства наскоро не стигнат на нивна сметка, ке побараат од ФИФА суспензија за Андријан Муту од забрана за играње натпревари на професионални ниво. Извор:СпортДенес
|