Вашата убава реклама




ОВДЕ!!!


 

Биди во тренд!  Рекламирај се!


www.strugaportal.com

РЕКЛАМА
Инфо
***За внатрешно уредување: иконостас и фрескоживопис на  новособорниот храм Св. Ѓорѓија во Нерези потребни се финансиски средства.Донирајте на тран.сметка 530-5000083096-56.***
struga_guide11
Банер
Банер
fastfood_pitbul
Банер
Банер
Банер
konduri
megastar1
svadbi
Забрана за трансфери на Челзи до 2011 Печати Е-пошта
Петок, 04 Септември 2009 10:59
ФИФА му забрани на лондонскиот клуб Челзи да регистрира нови играчи во следните два трансфер пазари.

Image

Францускиот прволигаш Ленс испрати официјална тужба до ФИФА за Челзи откако лондончани го потпишаа нивниот млади играч Гаел Какута во 2007 година.

Одборот на ФИФА кој се занимава со споровите, веке пресуди во корист на Ленс, по што следеше и соодветна казна за тимот на Челзи.

Тоа значи, казната која следува за тимот од Стенфорд Бриџ е забраза за купување на фудбалери во наредните два трансфер пазари, што значи дека Челзи нема да биде во можност да носи нови лица до 2011 година.

Какута моментално е играч кој настапува за резервистите на Челзи, а фудбалерот исто така е суспендиран од играње на официјални натпревари во наредните четири месеци.
Покрај суспензијата, Каука е казнет и со 680.000фунти, а Челзи мора да му плати дополнителни 113.000 фунти на тимот на Ленс како компензација за, според ФИФА, нелегално одземениот играч.

Соопштение од ФИФА

Целосното соопштение од ФИФА гласи: „По последниот состанот кој се одржа на 27-ми август 2009 година, одборот за решавање на споровите помеѓу клубовите (DRC) беше повикан да донесе одлука во врска со тужбата која ја поднесе клубот Ленс за фудбалскиот клуб Челзи и фудбалерот Гаел Какута.“

„Францускиот клуб имал поднесено барање до ФИФА во кое бараат надомест за прекршувањето на договорот од играчот, а исто така бара и спорски да се изречат санкции за играчот и англискиот клуб за прекршување на договорoт.“

„DRC откри дека Какута навистина го имал прекршено договорот со францускиот клуб. А во исто време, одборот при ФИФА утврди дека лондонскиот клуб го поттикнал фудбалерот да го прекрши истиот.“

„Како резултат на тоа, на играчот му беше одредено да плади надомест во износ од 780.000 евра, а  фудбалскиот клуб Челзи согласност третиот и четвртиот закон од правилникот за трансфери на играчи ке добие соодветна казна.“

„Какута исто така е казнет со забрана за настап на официјални наптревари во рок од четири месеци, додека на Челзи ке му биде забрането да регистрира нови играчи, било на национално или на меѓународно ниво, за следните два преодни рока. Понатаму, клубот Челзи како надомест се обврзува да им плати 130.000 евра на фудбалскиот клуб Ленс.“



Челзи сеуште нема излезено со официјален став окулу последната одлука на ФИФА, а речиси сигурно е дека лондончани ке поднесат приговор за укунување или намалување на казната.

Извор:СпортДенес