Вашата убава реклама
ОВДЕ!!!
Биди во тренд! Рекламирај се!
www.strugaportal.com
Вашата убава реклама
ОВДЕ!!!
Биди во тренд! Рекламирај се!
| Со позитивни мисли во Норвешка |
|
|
| Среда, 09 Септември 2009 14:18 | |||
|
Македонската фудбалска репрезентација синоќа во терминот на одигрувањето на натпреварот (20.30ч), теренот на второлигашот Скајд го одржа првиот тренинг во Норвешка каде временските услови се многу поповолни од Шкотска.
Од тренингот беа поштедени Јане Николоски кој дефинитивно ќе му го препушти местото на Пачовски и Горан Попов кој се жали на повреда во грбот.
Останатите фудбалери максимално ангажирано го одбработија тренингот на кој селекторот Јонуз бараше стрпливост во градењето на играта, кратки и прецизни додавања и удари кон голот од дистанца. Во ситуација кога Николоски е повреден, а Деспотовски не е во комбинација поради картони против норвежаните ќе истрча следниот состав: Пачовски, Седлоски, Митревски, Новевски, Попов (Петров), Шумуликоски, Грнчаров, Георгиевски, Стојковс, Наумовски и Пандев. „Имаме две принудни замени и една рокада во тимот на позициите на Седлоски и Новевски. Свесни сме за значењето на овој натпревар и ќе направиме се да го прекинеме постот на гостувањата и да постигнеме гол.“ „Ги знаеме квалитетите на противникот кој киксираше со Исланд, но сепак и Норвешка има реални шанси да го освои второто место во групата како и ние и Шкотска. Мислам дека и покрај поразот во Глазгов, атмосферата се враќа во тимот, фудбалерите се максимално сериозни во извршувањето на задачите и свесни за задачата што ги очекува. Убеден сум дека со малку повеќе среќа ќе го изненадиме домаќинот“- изјави селекторот Јонуз. Еден од најагилните во нашиот тим на средбата со Шкотска беше Величе Шумуликоски : „Посакувам да ја повториме добрата игра во првиот дел со Шкотска и први да постигнеме гол. Задача добивме од селекторот да ствараме повеќе позиции за удар и да не се размислуваме да упатиме удар кон голот на противникот. Најсреќен би бил кога би го постигнал токму на Улевал стадионот мојот втор гол во репрезентативната кариера. Но тоа и не е толку важно, имаме свежина и сила да одиграме уште еден тежок натпревар и да ги завршиме со успех овие квалификации.“ Натпреварот се игра в среда со поч. Во 20.30ч. на Улевал Стадионот во Осло кој е со капацитет од 25 илјади места, а домаќинот очекува посета од преку 15 илјади гледачи. Извор:СпортДенес
|