Вашата убава реклама
ОВДЕ!!!
Биди во тренд! Рекламирај се!
Вашата убава реклама
ОВДЕ!!!
Биди во тренд! Рекламирај се!
| Ибрахимович: Интер победуваше поради мене |
|
|
| Среда, 09 Септември 2009 14:21 | |||
|
Напаѓачот на Барселона, Златан Ибрахимович конечно ја откри тајната на Интер, поради која последниве години беше успешна оваа екипа. Таа тајна е, тој. Самиот Златан.
![]() "Пред да им се придружам, Интер ја немаа освоено титулата 17 години,", изјави швеѓанецот. "Откога дојдов, освоивме три титули по ред. А јас бев таму само три години...". Ибрахимович претходно играше за Јувентус, но по Калчополи скандалот, реши да си замине од таа екипа, и да потпише за Интер. "Не знам каков пречек ќе ми организираат навивачите," додаде Ибра. "Не знам, и да бидам искрен, немам ни размислувано на таа тема. Сè што знам е дека вистинските навивачи ќе го ценат и ќе знаат што имам направено јас за клубот." Ибрахимович моментално се наоѓа во Шведска, каде што, заедно со селекцијата на Шведска, ќе ја пречекаат Малта во квалификациите за СП 2010. Очаен е за да стигне до Јужна Африка 2010, поради тоа што ова можеби му е последната шанса за учествување на поголем, интернационален турнир, додека е во неговите најдобри денови. "Планирам да ја напуштам селекцијата на Шведска, после финалето на СП," додаде, кога беше прашан околу неговата иднина. "Важно е играч од мојата класа да се појави во Јужна Африка, следната година. Веќе се појавив двапати по светските првенства, и во две европски првенства, но сакам уште една прилика, во која, доколку ми се укаже, планирам да дадам сè." Каков пречек ќе добие Ибра на 16-ти Септември, е мистерија. Но, едно е јасно, тој натпревар, имено, Интер - Барселона, ќе биде супер-возбудлив.
|