Вашата убава реклама
ОВДЕ!!!
Биди во тренд! Рекламирај се!
www.strugaportal.com
Вашата убава реклама
ОВДЕ!!!
Биди во тренд! Рекламирај се!
| Пукна петардата на Баерн во Дортмунд |
|
|
| Недела, 13 Септември 2009 00:43 | |||
|
Пукна петардата на Баерн во Дортмунд
Во дербито од петтото коло од германскиот фудбалски шампионат Баерн Минхен на гостински терен ја декласираше Борусија од Дортмунд со 5:1.
Погодоците за баварскиот тим ги постигнаа Гомез, Швајнштајгер, Рибери и Милер, додека единствениот стрелец за домаќините беше Хамелс.
Актуелниот шампион Волфзбург на свој терен загуби од Баер Леверкузен со 2:3. Гостите водеа со 3:0 со головите на Ролфс и Кислинг, а во завршницата на дуелот Волфзбург успеа да го намали заостатокот, а стрелци беа Мисимовиќ и Графите. И двата тима крајот од натпреварот го дочекаа со по десет играчи, со оглед на тоа дека кај Волфзбург беше исклучен Бенаглио в о32-та минута, а Дердијок во 53-та минута заработи црвен картон од страната на Леверкузен. Хофенхајм на свој терен без поголеми проблеми го декласираше Бохум со 3:0, а творци на победата беа Демба Ба, Обаси и Компер. На табелата води Баер Леверкузен со 13 поени, на второто место се наоѓа Хамбургер со 10 поени и натпревар помалку, трет е Ајнтрахт со деве поени, додека Баерн се наоѓа на четвртото место со осум поени. Извор:СпортДенес
|