Вашата убава реклама




ОВДЕ!!!


 

Биди во тренд!  Рекламирај се!


www.strugaportal.com

РЕКЛАМА
Инфо
***За внатрешно уредување: иконостас и фрескоживопис на  новособорниот храм Св. Ѓорѓија во Нерези потребни се финансиски средства.Донирајте на тран.сметка 530-5000083096-56.***
struga_guide11
Банер
Банер
fastfood_pitbul
Банер
Банер
Банер
konduri
megastar1
svadbi
Поддршка за Пандев од Италијанските фудбалери Печати Е-пошта
Вторник, 15 Септември 2009 00:12
Горан Пандев ја доби поддршката од Италијанската Професионална Асоцијација на Фудбалери во обидот да се врати на теренот.

pandev1

26-годишниот Македонец најави дека сака да си замине од Лацио, но не успеа да најде нов клуб.

Претседателот на Лацио Клаудио Лотито одби неколку клубови кои беа заинтересирани за Пандев, на тој начин што поставуваше превисока цена.

Откако јавно изјави дека сака само играчи кои се подготвени да загинат за тимот, му стави до знаење на тренерот Балардини да го изостави Пандев.

Поранешниот млад напаѓач на Интер сеуште нема заиграно сезонава. Извештаите велат дека Нероазурите ќе преговараат во јануари за него.

„Италијанската Аоцијација на Фудбалери сака да му искаже тотална поддршка и солидарност на Горан Пандев, кој добива третман кој е омаловажувачки и непрофесионален, од клубот за кој настапува.“

„Во пракса, Горан Пандев во текот на последниве неколку години покажа апсолутен респект и приврзаност за тимот, соиграчите и навивачите, придонесувајќи во бројни успеси на домашно ниво кои го вратија Лацио меѓу најдобрите Италијански екипи. “

„Денес тој е на маргините на првиот тим, исклучен, наводно поради технички причини, од екипата која треба да се натпреварува во Европа Лигата, и не е повикан за натпреварите од домашното првенство, иако не се спорни неговите квалитети кои ги демонстрирал многу пати“

Во изјавата се потсетува Лацио на обврските кои ги има кон Пандев, кој има договор уште една година.

Италијанската Професионална Асоцијација на Фудбалери ја заврши својата изјава посакувајќи му на Пандев брзо враќање на терените.