Вашата убава реклама




ОВДЕ!!!


 

Биди во тренд!  Рекламирај се!


www.strugaportal.com

РЕКЛАМА
Инфо
***За внатрешно уредување: иконостас и фрескоживопис на  новособорниот храм Св. Ѓорѓија во Нерези потребни се финансиски средства.Донирајте на тран.сметка 530-5000083096-56.***
struga_guide11
Банер
Банер
fastfood_pitbul
Банер
Банер
Банер
konduri
megastar1
svadbi
Интер - Барселона, најава Печати Е-пошта
Вторник, 15 Септември 2009 23:21

Изгледа како приказна за двајца напаѓачи натпреварот во кој Барселона треба да ја започне одбраната на титулата против Интер, во групата Ф.

inter-barsa


Натпревар во кој Самуел Ето и Златан Ибрахимовиќ ќе играат против своите поранешни клубови.

Предходни средби:

Во првиот натпревар на овие два клуба Барселона забележа убедлива победа од 3-0 на Камп Ноу. Натпреварот се одигра на 26 фебруари 2002. Головите на Савиола, Коку и Клајверт и ја обезбедија 11-тата последователна победа на Барселона, што сеуште претставува рекорд.

Реваншот следната недела заврши 0-0 и двете екипи се пласираа понатаму во четвртфиналето. Барселона беше победник во групата, но Интер стигна подалеку, во најдобрите 4 екипи.

Занети кај Интер и Пујол и Чави кај Барселона ги одиграа и двата натпревари, додека Иниеста беше резерва на натпреварот во Милано.

Околу натпреварот:

Барселона има за цел да стане првиот клуб кој ја одбранил Европската круна после Милан, кој тоа го направи во 1989/90. Интер се обидува да го скрши проклетството и по долго време да го освои победничкиот пехар.

Интер има загубено само еден натпревар од вкупно 15 против шпански екипи на свој терен.

Првиот пат кога Интер го освои пехарот, беше против шпанска екипа - Реал Мадрид.

Првиот пат кога Барселона го освои пехарот, беше против италијанска екипа - Сампдорија.


Што ги поврзува тимовите?

Мурињо им беше асистент на Сер Боби Робсон и Луис Ван Гал во Барселона од 1996 до 2000.

Како тренер на Челзи, Мурињо се сретна со Барселона неколку пати. Најпрво ја порази со 5-4 вкупен резултат во 2004/05, потоа доживеа пораз од вкупно 3-2 следната година. Уште една средба имаа во фазата по групи во 2006/2007, во која Челзи заврши пред Барселона во групата. Дома победи 1-0, а на Камп Ноу беше 2-2.

Ето помина 5 сезони во Барселона, и постигна 109 голови на 144 средби, вклучувајќи 30 од минатата сезона. Во Лигата на Шампионите постигна 18 гола на 43 средби, вклучувајќи ги и првите голови во финалињата во 2006 и 2009.

Крилото на Интер, Рикардо Кварезма, помина една сезона во Барселона во 2003/04, за која одигра 22 натпревари и еднаш се запиша во листата на стрелците.

Во трите години во Интер, Ибрахимовиќ постигна 57 гола на 88 средби во Серие А, и 6 гола во 22 натпревари од Лигата на Шампионите.

Тиери Анри два пати погоди против Интер во меч од сезоната 2003/04 од фазата по групи. Предходно, има доживеано елиминација во полуфиналето од УЕФА Купот од Интер, во сезоната 1996/97, кога настапуваше за Монако.

Се очекува вистински спектакл во Среда, 16 Септември, на Џузепе Меаца. Стадионот е распродаден.