Вашата убава реклама




ОВДЕ!!!


 

Биди во тренд!  Рекламирај се!


www.strugaportal.com

РЕКЛАМА
Инфо
***За внатрешно уредување: иконостас и фрескоживопис на  новособорниот храм Св. Ѓорѓија во Нерези потребни се финансиски средства.Донирајте на тран.сметка 530-5000083096-56.***
struga_guide11
Банер
Банер
fastfood_pitbul
Банер
Банер
Банер
konduri
megastar1
svadbi
Пандев конечно го напушта Лацио?! Печати Е-пошта
Среда, 16 Септември 2009 16:00
Откако веке стана извесно дека Пандев нема да го продолжи договорот со римски Лацио, нашиот најдобар фудбалер повеке никогаш не се појави во составот на својот тим, па затоа заинтересираноста на Интер многу лесно може да вроди со конечно решавање на овој случај.

Image

Менаџерите на нашиот фудбалер неколку пати беа на средби со председателот на Лацио, Клаудио Лотито, кој и покрај понудите во летниот преоден рок се реши да го зачува Македонецот во тимот со објаснување дека понудите биле недоволни да го извлечат пандев од Олимпискиот стадион во Рим. Откако и Пандев потоа јавно се произнесе дека сака да го напушти Лацио, и му е преку глава од константните уцени од Лотито, претседателот на клубот се реши „привремено“ да го исклучи Пандев од тимот.

Меѓутоа, клубот кој воедно го донесе во Италија, сега се јавува како можен спасител на Пандев и според медиумите во Италија веке испратиле конкретна понуда до Лацио, а веке ги договориле личните услови со Пандев, па сега се чека одговор од Лотито. Според првичните информации, Интер понудил 10милиона евра плус Давид Суазо, кој оваа година тешко да заигра во дресот на Интер, а можен трансфер дотолку се сложи Лотито би се реализирал комплетно во зимскиот преоден рок.

Иако Лотито според неговото досегашно однесување, би можел да почека уште некое време за да разгледа уште некој понуди за голгетерот од Македонија, но како одминува времето договорот на Пандев истекува, и со секој поминат ден неговата цена на пазарот драстично опаѓа. Дотолку и во текот на зимскиот трансфер период Пандев остане во Лацио, тој наредното лето ке биде слободен играч и самиот ке решава за неговата иднина.
Извор:СпортДенес