Вашата убава реклама
ОВДЕ!!!
Биди во тренд! Рекламирај се!
www.strugaportal.com
Вашата убава реклама
ОВДЕ!!!
Биди во тренд! Рекламирај се!
| Јован Стрезовски ја доби наградата „Ацо Шопов' |
|
|
| Четврток, 04 Февруари 2010 02:54 | |||
|
За поетската книга „Слоеви“, Јован Стрезовски ја доби наградата „Ацо Шопов“, која му ја додели Друштвото на писателите на Македонија. Книгата се доделува за најдобра поетска книга, а делото на Стрезoвски е одбрано во конкуренција од триесетина дела од домашни автори.
Какво е чувството да се биде носител на наградата „Ацо Шопов“? - Голема чест и задоволство е што ја добивам наградата со името на Ацо Шопов, нашиот голем поет, еден од столбовите на современата македонска поезија, и што ми ја доделува авторитетно жири. Наградата е значајна само ако се потпира врз добро дело. Во спротивно, наградата сама по себе би била едно слово кое би се регистрирало само како дел од биографската составка на авторот. Наградите што ги доделува ДПМ се значајни зашто ја афирмираат македонската литература. Таквата афирмација за поезијата е уште позначајна, зашто како што знаеме, стиховите помалку се читаат за разлика од прозното творештво.
Веќе сме се изнаслушале дека поезијата помалку се чита од прозата. Значи ли тоа дека читателот денес нема трпение да се внесе во одгатнување на стиховите?
- На прво место, читаноста зависи од квалитетот на поезијата. Има случаи и кога некој не пишува стихови, но е поголем поет и од тој што своите мисли графолошки ги ставил на хартија. Поезијата прво треба нешто да соопштува, да кажува. Таа треба на некој начин да биде достапна, отворена кон читателот. Ако е херметички затворена, ако и самата за себе претставува некаков лавиринт низ кој се движи авторот, тогаш во тој лавиринт читателот не може да влезе. Секако, бројката на читатели не е главно мерило за квалитетот на нечие творештво. Но, ако таа не комуницира, ако самата за себе си е цел, тогаш не продира до публиката. Потребно е да има некоја приказна, некоја фабула, а тоа го држи читателот. Поезијата е возвишен израз на духот. Поезијата, навлегувајќи во средиштето на човековите егзистенцијални, филозофски, минливи и вечни теми, не' посочува и поттикнува на размислување и спознавање на нештата од животот и смртта. Поезијата е начин на живот, витална потреба да се овековечи мигот што се живее. Странски творци што доаѓаат кај нас се одушевуваат од нашите стихови, но тоа очигледно не е доволно за делата да излезат од земјава. Што треба да се направи? - Македонската поезија забрзано го освојува книжевниот простор. Тоа, секако, го потврдуваат и еминентни имиња што ни гостуваат на Струшките вечери на поезијата. Сепак, нашето подрачје е ограничено по број на читатели и малку се прави за афирмација на нашата поезија во светот. Повеќе тука се печатиме и се препечатуваме, отколку што се обрнува внимание за книгите од наши врвни автори, поетски или прозни, да се објават во светот. Тоа ни недостига. Досега надвор се објавуваа одредени автори, но тоа не е доволно бидејќи не постојат такви средства што ќе бидат наменски определени за наши поети, кои имаат добра поезија, да се афирмираат во светот. Тоа би било значајно инвестирање во литературата. Со препечатувањето и објавувањето дома, поезијата нема да ни наиде на одѕив во светот.
|