Вашата убава реклама




ОВДЕ!!!


 

Биди во тренд!  Рекламирај се!


www.strugaportal.com

РЕКЛАМА
Инфо
***За внатрешно уредување: иконостас и фрескоживопис на  новособорниот храм Св. Ѓорѓија во Нерези потребни се финансиски средства.Донирајте на тран.сметка 530-5000083096-56.***
struga_guide11
Банер
Банер
fastfood_pitbul
Банер
Банер
Банер
konduri
megastar1
svadbi

Знајш дека си Стружанец ако

ојш три пати на ден на кафиња а немаш ни скршен денар Smile


98 % од стружаните имаат негативни чувства кон другите заедници Печати Е-пошта
Петок, 05 Февруари 2010 02:37

Поразителни резултати покажа студијата изготвена од страна на ОБСЕ во соработка со Министерството за образование. Најизразени негативни чувства кон другите заедници има во Струга со 98 на албанска и 96 проценти на македонска страна, едни за други.

Image

Истражувањето извршено во 40 средни училишта во земјава врз група од 4.032 ученици покажува дека најголемо влијание за создавање на свеста за етничките групи се родителите со 28 проценти, потоа медиумите, па пријателите, а на четврто место се наставниците. Родителите најмногу влијание имаат кај албанската заедница, додека медиумите кај македонската заедница, а кај Турците пријателите. Учениците-Албанци се произнеле дека имаат негативни чувства кон Македонците во 55, проценти, па кон Турците во над 40 проценти. Децата од македонска етничка заедница негативни чувства имаат кон соучениците-Албанци во речиси 40 проценти, додека кон Турците 10 проценти.

Истражувањето покажало и регионална разлика во искажувањето на негативните чувства кон другите заедници, па така најизразени негативни чувства има во Струга со 98 на албанска и 96 проценти на македонска страна, едни за други. Според тоа, се заклучува дека веројатно во етнички мешаните градови македонското населени во поголема мера го перципира албанското како закана за својот идентитет, територија, традиција.

Студијата покажала дека учениците како причина за непријателствата во училиштата, со речиси ист удел од над 40 проценти, ги сметаат културните разлики, влијанието на политичките партии и предрасудите на учениците, додека медиумите во тоа учествуваат со 24 проценти, а наставниците со 12 проценти.

Супер радио