Вашата убава реклама




ОВДЕ!!!


 

Биди во тренд!  Рекламирај се!


www.strugaportal.com

РЕКЛАМА
Инфо
***За внатрешно уредување: иконостас и фрескоживопис на  новособорниот храм Св. Ѓорѓија во Нерези потребни се финансиски средства.Донирајте на тран.сметка 530-5000083096-56.***
struga_guide11
Банер
Банер
fastfood_pitbul
Банер
Банер
Банер
konduri
megastar1
svadbi

Знајш дека си Стружанец ако

излегвиш навечер по главнана улица и застанвиш пред Адмирал од другана страна, и се фалиш после “Адмирал бев“ Laughing

(by Bojan)


Полицијата го пронајде возачот кој усмрти пешак Печати Е-пошта
Петок, 05 Февруари 2010 22:52
Oхридската полиција поднесе кривична пријава против Гоце Илијоски, 39-годишен охриѓанец кој се товари дека на 1 февруари ја усмртил Блага Митреска на улицата „7 Ноември" и избегал од местото на несреќата.

Image

Против Илијоски се поднесени две кривични пријави „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот" и „Неукажување прва помош на лице повредено во сообраќајна незгода", а истражен судија му одреди мерка притвор.

Осомничениот е приведен  на 3 февруари, а ден пред тоа, во автомеханичарска работилница е пронајден и неговиот автомобил „Даеву Матиз" со кој ја прегазил Митреска.

- СВР Охрид и сообраќајната полиција презедоа опсежни мерки за пронаоѓање на сторителот и возилото. Истрагата се одвиваше под тешки околности зашто на местото на сообраќајката немаше траги од автомовилско кочење, ниту какви било други докази кои ќе помогнат во расветлуањето на случајот. Бидејќи сообраќајната незгода се случи рано наутро, кога фрекфентноста на луѓето и возилата е многу помала, имавме потешкотии и во изјавите на луѓето одо овој реон, кои беа контрадикторни, изјави портпаролот на Општина Охрид, Стефан  Димоски.

Според него, Илијоски веднаш по несреќата го оставил автомобилот и избегал со цел да биде недостапен за полицијата, а во неговото откривање не помогнале ниту безбедносните камери.

Осомничениот на 1 февруари околу 6 часот и 30 минути на улицата „7 Ноември" во близина на фабриката „Братство" удрил во 56-годишната Блага Митреска. Тој веднаш го напуштил местото, а Митреска, поради  тежината на повредите починала на самото место.

Супер радио