Вашата убава реклама
ОВДЕ!!!
Биди во тренд! Рекламирај се!
Вашата убава реклама
ОВДЕ!!!
Биди во тренд! Рекламирај се!
| Џејмс Камерон преговора за продолжение на „Аватар“ |
|
|
| Недела, 07 Февруари 2010 03:21 | |||
|
Џејмс Камерон во интервју за Лари Кинг потврди дека учестува во преговорите околу продолжувањето на филмскиот хит „Аватар“. Филмот што заработи околу две милијарди долари во светот, и е номиниран за девет Оскари, може да добие продолжение во кое приказната би се фокусирала на разурнувачката војна меѓу луѓето и вонземјаните. -Можат да не убедат во снимање на вториот дел. Мораме прво да видиме колку пари филмот ќе заработи, рече Џејмс Камерон за Си Ен Ен. Во продолжението домородниот народ На-Ви од Пандора ќе се најде под силен удар на силите од Земјата, што на режисерот ќе му овозможи, за разлика од првиот дел, во вториот да прикаже три часа чиста акција. Лари Кинг не го испрашуваше подетално својот гостин, поради што многумина колеги сега го критикуваат, бидејќи Камерон ретко дава интервјуа. Гласините за второто продолжение на хитот, претходно веќе ги покрена актерот Џоел Дејвид Мор. Камерон во интервјуто не ги коментираше номинациите за Оскар, но призна дека снимањето на „Аватар“ не било нималку лесно.
|