Вашата убава реклама
ОВДЕ!!!
Биди во тренд! Рекламирај се!
Вашата убава реклама
ОВДЕ!!!
Биди во тренд! Рекламирај се!
| Дуо Слајд во трка за песна на Евровизија! |
|
|
| Недела, 07 Февруари 2010 18:06 | |||
Познат е редоследот по кој во двете полуфинални вечери за националниот избор за песна на Евровизија ќе настапуваат изведувачите. Редоследот на изведувачите за двете полуфинални вечери, закажани за 18 и 19 февруари, беше извлечен во студиото на Македонската телевизија. Редоследот изведувачите самите си го одредија со ждрепка, а во двете вечери ќе бидат отпеани 28 композиции. Годинава учествотот на Евросонг во Осло, Норвешка, е мал јубилеј за Македонија, односно 10-то претставување на евровизиската сцена. Избор за песна на Евровизија ќе се одржи од 25 до 29 мај, ќе се натпреваруваат вкупно 39 земји, три помалку од лани, со тоа што големата четворка - Франција, Англија, Шпанија и Германија, ќе настапат директно во финалето. На една од двете полуфинални вечери, меѓу учесниците настапува и Македонија. Кој ќе ги наследи ланските учесници Некст тајм, но и сите претходни: Тамара, Врчак и Адријан, Каролина Гочева (која имаше две учества на Евровизија), Елена Ристеска, Мартин Вучиќ, Тоше Проески, ХХЛ и Владо Јаневски, ќе се знае на 20 февруари, кога е големото финале на нашиот национален ЕвросонгПрва полуфинална вечер
|