Вашата убава реклама
ОВДЕ!!!
Биди во тренд! Рекламирај се!
Вашата убава реклама
ОВДЕ!!!
Биди во тренд! Рекламирај се!
| Противпожарен апарат задолжителна опрема во автомобилите |
|
|
| Петок, 12 Март 2010 01:03 | |||
|
Патничките моторни возила и комбинираните возила треба да имаат еден противпожарен апарат од два килограми наполнет со прашок АБЦ. Од МВР велат дека на почетокот нема да има казни, туку ќе ги предупредуваат возачите дека треба да набават апарат
Од МВР велат дека на почетокот нема да има казни. Возачите ќе бидат предупредени дека треба да набават апарат, кој според Правилникот, треба да е поставен на видно место или на место лесно за дофат за да може да се употреби во случај на опасност. Одредбите од Правилникот предвидуваат патнички моторни возила, комбинирани возила, патнички возила опремени за користење на алтернативни горива - течен нафтен гас (ТНГ), копримиран нафтен гас (ЦНГ), возила за јавен превоз, автобуси, како и товарни моторни и приклучни возила да имаат противпожарен апарат за гаснење пожар. Како да заштедите 120 евра? Резервно тркало, противпожарен апарат за гаснење пожар, знак за означување запрено возило на коловоз, односно сигурносен триаголник, опрема за укажување прва помош, клинести подлошки, чекан за кршење стакло (за автобусите), резервни светилки и осигурувачи, јаже, сајла или телескопски лост за влек, зимска опрема, сигурносен - рефлектирачки елек, сигурносни појаси и наслони за глава (за возила со над 8 седишта) е опремата што треба да ја имате со себе доколку не сакате да платите казна од 120 евра.
|