Вашата убава реклама




ОВДЕ!!!


 

Биди во тренд!  Рекламирај се!


www.strugaportal.com

РЕКЛАМА
Инфо
***За внатрешно уредување: иконостас и фрескоживопис на  новособорниот храм Св. Ѓорѓија во Нерези потребни се финансиски средства.Донирајте на тран.сметка 530-5000083096-56.***
struga_guide11
Банер
Банер
fastfood_pitbul
Банер
Банер
Банер
konduri
megastar1
svadbi

Знајш дека си Стружанец ако

уште не мојш да прежалиш што се затвори DIVE Frown (by Bubi)


Навали, народе, на стари автомобили! Печати Е-пошта
Петок, 12 Март 2010 01:14
Почна навалицата за стари возила. Од денеска се очекува да почне процедурата за внесување половни автомобили во земјава, што се наоѓаат во царинските складишта. „Голф 3“ „голф 4“, „поло“, „ибица“, корса“, „пежо 107“ се дел од автомобилите што најмногу се увезени од Словенија поради поевтиниот транспорт. Измените во законите за акцизи и за царина што деновиве Собранието ги изгласа, денеска се очекува да бидат објавени во „Службен весник“ и веднаш да стапат на сила.

Увозниците на стари и на нови возила едвај чекаа да заврши процедурата околу намалувањето на давачките, за да тргне продажбата. Автоувозниците велат дека веќе се заморени од чекање и се надеваат оти драматично паднатата продажба во изгубените два месеца, сега ќе ја надоместат. „Вкупните цени на најбараните стари возила како што се ’голф 3‘ и ’голф 4‘ ќе се движат од 4.000 до 5.000 евра. Ги увезуваме најчесто од Словенија, бидејќи за нив транспортот чини 250 евра. Другите придружни давачки зафаќаат уште 300 евра, потоа следуваат царината, ДДВ и акцизата. Со помали царини и акцизи ’опел корса‘ ќе се продава по цена од 2.500 до 3.000 евра. И ’поло‘ и ’пежо 206‘ од 1999 година ќе се продаваат по цена од 2.500 до 3.00 евра. ’Опел астра‘ од 2001 година ќе чини околу 4.000 евра. ’Ауди А4‘ од 1998 година ќе чини од 5.000 до 6.000 евра“, објаснуваат увозниците на стари возила.

Тие најавуваат дека покрај шлеперите натоварени со половни автомобили, што се очекува деновиве да се појават на пазарот, веќе имаат и нови нарачки. Според нив, конкретните цени најдобро ќе се знаат откако ќе почне продажбата и ќе се раздвижи пазарот на половни возила. Најголем интерес има за возилата од ниска и од средна класа произведени од 1998 до 2002 година, без разлика дали имаат или немаат стандард ЕУРО 1. И цената на автомобилите „мерцедес“ е падната, па „мерцедес Ц класа дизел“ од 1995 година чини 4.000 евра, а од Е класа од 1997 година може да се купи за 6.000 евра.

Директорот на Царинската управа, Ванчо Каргов, веќе најави дека во царинските складишта чекаат околу 1.100 половни возила, што е многу голема бројка со оглед на тоа дека лани за цела година се царинети околу 2.900 користени возила.

Каргов за „Утрински вечер“ вчера изјави дека сега се' зависи од подготвеноста на автоувозниците. „Тие треба да ја приложат целата документација за возилото и по која цена е купено. Доколку Царината се посомнева во реалната цена на возилото, тоа ќе се царини според цените во каталогот. Доколку увозникот не е задоволен од проценетата вредност, има право на жалба“, објаснува Каргов.

И увозниците на нови автомобили велат дека едвај чекаат да заврши целата процедура околу намалувањето на царината и на акцизите, со оглед на фактот дека од почетокот на годинава никој не купувал автомобили. Тие очекуваат нормализирање на работите и постепено враќање на интересот за купување возила, без разлика дали граѓаните ќе се решат да купат нов или стар автомобил. „Досега сите чекаа промена на акцизите и на царината, но тоа нема да влијае врз намалување на цените на новите возила. Најголем дел од возилата ќе поскапат. Намалувањето може да се движи до 100 евра. Автомобилите од ниската и од средната класа остануваат со иста цена. Увозот на половни возила сигурно ќе се одрази врз продажбата на нови. Но, не секогаш купувањето евтино значи и дека е направена добра зделка. Оние што ќе се решат за половен автомобил набрзо ќе почувствуваат на своја кожа, што ќе значи неговото одржување. Граѓаните не сфаќаат дека ратата за нов автомобил купен на лизинг може да им го замени скапото одржување на стариот автомобил“, велат увозниците на нови возила. Според нив, ниту падот на царината од два на еден отсто и од десет на пет отсто за возилата увезени надвор од Европската унија, нема да влијае многу на цената на новиот автомобил.

Инаку, веќе и банките најавуваат дека, покрај кредитите за нови, ќе воведат заеми и за стари автомобили, но не постари од четири до пет години. Каматата се движи од 12 до 14 отсто. И дел од лизинг-компаниите размислуваат за оваа опција, но само со отплата на краток рок, на една година.

Инаку, со измените на Законот за акцизи за автомобилите до 3.000 евра нема да се наплатува акциза. За тие со вредност од 3.000 до 4.000 евра акцизата е 0,5 отсто, од 4.000 до 5.000 евра еден отсто, од 6.000 до 8.000 евра е два отсто, од 17.500 до 21.000 евро ќе изнесува 12,5 отсто, а за оние што чинат над 35.000 евра е 20 отсто.