Вашата убава реклама




ОВДЕ!!!


 

Биди во тренд!  Рекламирај се!


www.strugaportal.com

РЕКЛАМА
Инфо
***За внатрешно уредување: иконостас и фрескоживопис на  новособорниот храм Св. Ѓорѓија во Нерези потребни се финансиски средства.Донирајте на тран.сметка 530-5000083096-56.***
struga_guide11
Банер
Банер
fastfood_pitbul
Банер
Банер
Банер
konduri
megastar1
svadbi

Знајш дека си Стружанец ако

Се нервираш зошто е направен кружниот тек кај Адмирал Yell

(by Nikola)


Поплавите продолжуваат! Печати Е-пошта
Сабота, 13 Март 2010 01:24

Претпладневното сонце вчера за кратко ги израдува жителите на крајбрежните населби на Охридско Езеро, но дождот што следуваше веднаш потоа уште повеќе ги зголеми нивните стравови. Водостојот порасна за уште еден сантиметар и езерото продолжи да се шири на сите страни. Нема плажи на источниот брег, од Лагадин до Свети Наум, охридското шеталиште е речиси рамно со водата, во Струга има поплави насекаде, а во Албанија некои кафеанџии ќаруваат на сметка на нивните поплавени конкуренти. Еве како изгледа еден круг околу езерото, кое речиси никој не го видел толку големо.

Само дел од кејот во Охрид е заграден со вреќи со песок. И тие ги крадат и ги разнесуваат. Пристаништето е речиси до самата горна граница на водата. Паниката во градот расте од ден на ден. Насекаде се зборува само за езерото и за тоа уште колку може да се издржи.

На патот кон Струга нé пречекуваат поплавени ниви, слични на кочанското поле, кога се полеваат оризовите посеви. Такво е целото поле, од Охрид до Црн Дрим. Струшките улици и дворови пливаат под вода. Многу места се тешкопроодни поради длабоките вирови, а заштита има само на кејот, иако и неговиот долен дел е сосема неупотреблив. Сепак, Струга е единственото место на целото крајбрежје што сé уште има плажи, во овој период покриени со снег.

Езерскиот хумор доби нова димензија

„Скопјаништата, ако можат, со лажици ќе ни го исркаат езерото“, вели една понова охридска поговорка. Но охриѓани на шега велат дека би сакале да се случи тоа, да се исркаат барем триесетина сантиметри од водата.

Друга популарна шега во Охридско предизвикана од актуелната состојба е таа за Пештани и за Елшани. Жителите на Елшани, кое е повисоко од соседното село, велеле „да даде Господ езерото да ни дојде до прагот“, бидејќи пештанци ги земале сите туристи затоа што биле до самата вода. Сега елшанци велат дека желбата почнала да им се исполнува.

Во Струга, пак, гледајќи го Црн Дрим, на големо се прераскажува популарниот аудиоклип „Иде Дунав“.
И спортистите најдоа свој виц. Според нив, Охридскиот маратон сега се плива од Свети Наум до „Света Софија“.