Вашата убава реклама
ОВДЕ!!!
Биди во тренд! Рекламирај се!
Вашата убава реклама
ОВДЕ!!!
Биди во тренд! Рекламирај се!
Во клучниот натпревар од групата 6 Украина на домашен терен ја совлада Англија со голот на Назаренко во 29-та минута и така стигна до прагот на доигрувањата за Светското Првенство во 2010-та година.

Украинците го направија токму она што им требаше: на домашен терен во Дњепропетровски го совладаа моќниот англиски состав на Капело и дојдо до трите бода кои најверојатно ќе ги однесат до бараж натпреварот за СП.
Среќата беше на страната на тимот на Михајличенков. На самиот почеток Англија започна агресивно, напаѓачки, но сето тоа падна во водеа во 14-та минута кога Милевски по грешката на Фердинанд излезе сам пред голманот Грин, кој направи прекршок, заработи црвен картон и направи пенал.
Шевченко го промаши пеналот, но украинците во остатокот од натпреварот доминираа со играч плус на теренот, па во 29-та минута со голот на Назаренко стигнаа до предноста која не ја испуштија.
Милевски еднаш ја погоди пречката, Гај промаши мртва шанса, а англичаните дури два пати се заканија преку Лампард чија игра не беше на задоволителното ниво како и на остатокот од тимот, кој пред месец дена така доминантно ја прегази Хрватска со 5:1.
На едно коло пред крајот на квалификациите во групата 6 тимот на Михајличенков има бод повеќе од Хрватска. По овој голем триумф само чудо може да ја спречи Украина да се пласира во доигрувањето. Тоа чудо може да се случи во малата Андора, која нема некои големи шанси против многу подобрата селекција, и шансите да се случи тоа се скоро никакви.
Сите фанови на најдобрата македонска фудбалска репрезентација, кои ќе сакаат во живо да го проследат пријателскиот меч меѓу нашата селекција и репрезентацијата на Катар, што ќе се одигра на 11 октомври со почеток од 14 часот, влезници ќе може да купат на билетарниците кај националната Арена Филип 2.
Летните олимписки игри 2016 година ќе се одржат во Рио де Жанеиро, одлучија членовите на Меѓународниот олимписки комитет на седницата која денеска се одржа во Копенхаген. За нас сигурно најважна вест е дека нашата селекција не успеа да забележи пласман во четвртфиналето. Но момците покажаа срце, играа фантастично и заслужуваат честитки.
