Вашата убава реклама
ОВДЕ!!!
Биди во тренд! Рекламирај се!
Вашата убава реклама
ОВДЕ!!!
Биди во тренд! Рекламирај се!
Кралицата на ромската музика Есма Реџепова (65) добила на суд од Саша Барон Коен отштета од 26.000 евра.Легендарниот гитарист Карлос Сантана одржа прекрасен концерт пред 15 000 фанови на стадионот „Филип втори“ во Скопје. Повеќето известувачи од настанот го опишаа концертот како досега најдобар концерт одржан во Македонија.

Професионализмот на Сантана можеше да се забележи уште на самиот почеток: концертот започна во 21.00, точно како што беше закажано, што ги изненади луѓето кои сеуште влегуваа на стадионот, а навикнале концертите да доцнат.
Концертот траеше 2 часа а гитаристот свиреше рок, џез, салса, латино, самба... Публиката можеше да ужива во неговите прочуени гитарски сола.
Покрај своите хитови Maria, Maria, Corazon Espirando и останатите, Сантана ја изведе и легендарната Imagine на Џон Ленон, поздравувајќи ги притоа Ленон и Боб Марли, луѓе кои пееја за љубовта и мирот.

Нашата публика покажа дека знае да ги цени вистинските музичари и со право се надеваме дека наскоро ќе видиме уште некој светски музичар од рангон на Карлос Сантана, на гости во Македонија.
Влатко Стефановски, нашиот најпознат гитарист и поранешен фронтмен на групата „Леб и Сол“, ќе настапи на овогодинешниот фестивал на пивото во соседна Србија од 16. август.
Еден од најпознатите музичари во поранешната држава на посетителите на фестивалот им вети енергичен концерт, на кој ќе го најави и новиот албум.
Стефановски на "Beer Fest" ќе настапи со електрично трио и многу силно озвучување.
Ова лето, во Скопје гостува Сантана, во склоп на својата летна светска турнеја. Концертот ќе се одржи на 10 јули, на градскиот стадион во Скопје. Претходно тој ќе одржи концерт во Грција, а на 11 јули ќе пее во Србија.Влезници покрај во Скопје и насекаде низ Македонија, Косово и Бугарија, се продаваат и во Струга и тоа во книжарница Клио и во продавниците на Мјелма.